Проектот ќе допринесе кон идентификување на потребните компетенции на децата за започнување на образованието во рамките на училиштата и развивање на програма која ќе им помогне на воспитувачите да работат во насока на развој токму на тие компетенции. Во таа насока во проектот се поставени следните цели:
- Мотивирање и едукација на практичарите од предучилишните установи и основните училишта за креирање на заеднички стручни активи кои ќе ја олеснат транзицијата на децата од градинка во основно училиште
- Креирање на предлог програма која ќе ги развие компетенциите на децата за полесен старт на основното образование
- Доставување предлози до високообразовните институции кои едуцираат воспитувачи и наставници за дополнување на силабусите на нивните програми
Проектот „Развој на компетенциите на практичарите за транзициониот процес од градинка во училиште“ го спроведуваат 5 партнерски организации: Тренинг центар „Коцевски“ – Србија, Македонско Монтесори Здружение - Македонија, Предучилишна установа „Омож“ – Словенија, Детска установа „Детска радост“- Србија, Детска градинка „Радост - Елин Пелин“ - Бугарија.