Блесна светлина во темната соба. Првиот сончев зрак го погали лицето на малиот Јоши додека тој слатко спиеше. Неговото лице му возврати со насмевка. Макена, во Јужна Африка, во 19.00 часот се враќаше од часовите по балет. Застана да го гледа заоѓањето на Сонцето. Диего заедно со своите другари играше фудбал на прашливите улици во Перу. Во 18.40 улицата ја прели црвена, жолта, портокалова... боја. Сонцето заоѓаше. Калина седеше на прозорецот од својата соба на седмиот кат. Врнеше ситен дожд, но наеднаш се појави Сонцето. На небото се појави прекрасно виножито. Како настануваат овие прекрасни бои?! |
Монтесори центарот се вклучува во одбележувањето на Светлината како извор на животот за растенијата, животните, и човекот со реализација на Програмата: „ Светлината – прозорец кон Универзумот“. Програмата опфаќа осум едукативни, креативни и уникатни работилници преку кои децата ќе се запознаат со улогата и значењето на Светлината во секојдневниот живот, науката, уметноста, и воопшто во Универзумот. Експериментирајќи и творејќи, децата ќе откријат низа законитости на светлината.
Програмата трае 8 дена и е наменета за деца од 4-5 до 10 години.
Програмата се реализира секоја сабота во периодот од 10.00 до 14.00 часот.
Теми Дата
1. „Сонцето – извор на светлина и живот“ 07 Март 2015
2. „Светлината и човекот“ 14 Март 2015
3. „ Растенијата и нивната магија“ 21 Март 2015
4. „Светлината во науката 1“ 28 Март 2015
5. „Светлината во науката 2“ 04 Април 2015
6. „Светлината во уметноста 1“ 18 Април 2015
7. „Светлината во уметноста 2“ 25 Април 2015
8. „Светлината во уметноста 3“ 09 Мај 2015
- Цената за посета на една работилница е 400 ден. по дете.
- Посета на целата програма со 40% попуст (1 920,00 ден).
- Посета на половина програма со 20 % (1 280,00 ден).
- Посета на една работилница на деца кои веќе се запишани во Монтесори центарот 250,00 ден.