- Равивање на Монтесори установи во Р. Македонија
- Обука на кадарот во приватните и јавните детски градинки, основните и посебните училишта
- Развивање на образовна и особено социјалната инклузија на децата и младите со посебни потреби
Македонското Монтесори Здружение (ММЗ) оваа година одбележува 10 години од своето постоење. Остварувањето на основна цел - развој на воспитанието, образованието и третманот на децата со и без посебни потреби на предучилишна и рана училишна возраст, здружението ја реализира преку неколку главни активности:
1 Comment
Македонското Монтесори Здружението се придружи на акцијата Angel for a day преку која се собираа средства за Заводот за рехабилитација на деца и младинци. ММЗ ги донираше уметничките дела на децата од Монтесори центарот, креирани во рамките на проектот „Градина на бои - Допри ја уметноста“. Овие дела беа продавани на аукцијата организирана од LYONESS MACEDONIA.
Македонското Монтесори Здружение учествуваше на НВО Саемот за волонтерство и активно граѓанство. Во рамките на саемот ММЗ ги презентира своите програми и можности за волонтирање на младите лица и останатите граѓани. Наскоро ќе им посакаме добредојде на нашите нови волонтери.
Работилниците „Светлината - прозорец кон универзумот“ - дел од големото семејство на UNESCO11/18/2015 Втора година по ред нашите работилници се дел од календарот на УНЕСКО. Оваа година тоа се серијата работилници „Светлината - прозорец кон универзумот“ со кои дадовме придонес во одбележувањето на Интернационалната година на светлината.
Работилниците им дадоа можност на децата да ја истражуваат светлината од различни аспекти. Им благодариме на нашите соработници: Институтот за физика и Фотографот Елена Фидановска. http://www.light2015.org/Home/Event-Programme/2015/SchoolActivities/Macedonia----Light---a-window-to-the-universe-.html И оваа година ММЗ нуди уникатна програма која ќе се реализира низ серија од седум работилници, насловена како „Време за мене“. (31.10 - 12.12.2105) Програмата има за цел да ги поттикне децата да размислуваат за своето слободно време од еден поинаков агол, да ги поттикне да ги препознаат и развијат своите афинитети кон одредена област и да ги запознае со најразлични видови на хобија: некои сосема вообичаени, некои малку познати, а некои многу ретки и несекојдневни. Преку своето хоби детето се самоизразува себе си, открива нови светови, ги открива своите таленти. Македонското Монтесори Здружение го реализираше вториот дел од Erasmus+ проектот „Срцето и душата на инлкузијата“. Носител на овој проект е Друштвото за социјална инклузија од Љубљана, РСловенија, додека ММЗ е една од партнер организациите.
Македонското Монтесори Здружение е партнер во Erasmus+ проектот „Срцето и душата на инклузијата“. Носител на проектот е Друштвото за социјална инклузија од Словенија, а негови партери се владини и невладини организаци од Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонското Монтесори Здружение од Македонија.
|
Member of:
Archives
January 2024
CategoriesПријатели:
|